Хамилтон победи, а Фетел не ја заврши трката во Хокенхајм

0

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон е победник на трката за ГН на Германија која се возеше денес во Хокенјахм.

Дождот кој беше дел од ова атрка ги донесе и најголемите возбудувањат и интересни моменти во самата завршница на трката.

Себастијан Фетел кој стартуваше од пол ползицијата , имаше сигурно водство до 52. круг, кога излета од патеката и ја заврши трката. Тоа го искористи неговиот лут ривал, кој стартуваше од 14-та позиција и во првите 20 круга успеа да дојде до 4-та позиција, а токму по дождот успеа да го искористи моментот и да дојде до својата нова победа која е всушност четврта во оваа сезона.

На второто место заврши Валтери Ботас од Мерцедес, а подиумот имаше место и за еден болид на Ферари, оној кој го возеше Кими Раиконен.

По оваа трка, Луис Хамилтон се врати на врвот во генералниот пласман со 188 бода, 17 повеќе од Себастијан Фетел и дури 57 пред третопласираниот Раиконен. Следната трка од Ф1 шампионатот е веќе следниот викенд и тоа на патеката „Хунгароринг“ во Унгарија.

Share.

Leave A Reply