Болидот на Мерцедес управуван од Британецот Луис Хамилтон беше најбрз на трката за ГН на Унгарија која се возеше на патеката „Хунгароринг“.
Актуелниот шампион тргна од првата позиција откако имаше најдобро време во квалификациите и ниту еднаш не дозволи некој да му се закани и да му го одземе првото место. Веднаш зад хамилтон на целта стигна директниот конкурент Себастијан Фетел од Ферари, додека на подиумот имаше место уште за вториот болид на Ферари со Кими Раиконен.
Вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, во поголемиот дел беше зад Хамилтон, но во финишот пед се поради лоши одлуку го загуби местото на подиумот. По Хамилтон, Фетел и Раиконен, бодови од „Хунгароринг“ успте освоија Рикардо, Ботас, Гасли, Магнусен, Алонсо, Саинц и Грожан.
За Луис Хамилтон ова беше 67 победа, или рекордна шеста во Унгарија. Во генералниот пласман Хамилтон сега има 213 бода, пред Себастијан Фетел со 189 бода. По денешната трка на „Хунгароринг“ сега следи летна пауза од скоро еден месец, а наредната трка ќе се вози на 26 август на патеката „Спа“ во Белгија.