Хамилтон под истрага поради пораката на својата маичка

0

Шесткратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон може да биде под истрага на Меѓународната автомобилска федерација (ФИА) за носење маица со натпис „Уапсете ги полицајците кои ја убија Бреона Тејлор“ по ГН на Тоскана минатата недела.

Портпаролот на ФИА потврди дека истрагата е „под активна контрола“. На маицата на Хамилтон беше пораката која се однесуваше на Бреона Тејлор, која беше застрелана од американската полиција во нејзиниот дом во Кентаки.

Британецот беше доста активен во борбата против расизмот во последните месеци и ги натера другите тимови и возачи во Формула 1 да се приклучат во искажување на поддршка во борбата против расизмот на почетокот на сезоната. Сепак, маичката може да биде потенцијално кршење на правилата на ФИА за политички коментари.

Share.

Leave A Reply