Хамилтон повторно реагира на возењето на Верстапен

0

Ѕвездата на Мерцедес, Луис Хамилтон, продолжува да ја напаѓа вербално младата надеж на Ред Бул, Макс Верстапен.

Четирикратниот светски шампион прво го навреди Макс по нивниот судар во Бахреин а денеска го потенцираше и инцидентот што Верстапен го предизвика со Себастијан Фетел од Ферари за време на трката за Големата награда на Кина.

„Навистина се плашам дека со секое доближување до Верстапен постои можност да се судриме. Во Кина видов како тој и Фетел беа со свртени болиди кон мене и едвај успеав да ги избегнам без да се удрам во нив. Макс доби десет секунди казна но, Себастијан е оштетен бидејќи загуби неколку позиции поради ударот од Верстапен“ – вели Британецот.

Share.

Leave A Reply