Хамилтон се огласи на социјалните мрежи

0

Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, откри дека ги започнал  подготовките за претстојната сезона иако сè уште нема потпишано договор.

Се проценува дека Британецот најверојатно ќе ја продолжи соработката со Мерцедес за две или три сезони. Според одредени извори, причините за продожувањето преговорите се прекумерните барања на возачот кој преку – „Инстаграм “ објави дека активно се подготвува за шампионатот во 2021 година.

„Здраво, јас сум на планина и тренирам секој ден, се подготвувам за новата сезона. Секое утро се искачувам на врвот кој е околу 3400 метри, што е навистина смртоносно“ – напиша светскиот шампион.

 

 

Share.

Leave A Reply