Хамилтон славеше на Силверстоун во драматична завршница

0

Луис Хамилтон ја оствари третата победа во четвртата трка во Ф1 шампионатот оваа сезона. Денеска на Британското ГП на Силверстоун, Хамилтон тргна како прв и до крајот не дозволи изненадувања.

Клупскиот колега на Хамилтон, Валтери Ботас беше втор се до два круга предкрајот на трката, кога му пукна левата предна гума и го загуби второто место. Во последниот крг истото му се случи и на Хамилтон, но предноста пред Ферстапен во последниот круг беше преголема, околу 30 секунди и успеа без едно тркало да го извози кругот и да дојде до победата.

Второто место му припадна на Ферстапен, додека како трет заврши возачот на Ферари, Шарл Леклер. Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 88 бода, дури 30 повеќе од Ботас, додека Ферстапен е трет со 52 бода.

Share.

Leave A Reply