Хамилтон со пол позиција за утрешната трка во Австрија

0

Квалификациите за утрешната трка во Формула 1 за ГН на Австрија на патеката „Ред Бул Ринг“ поминаа по дождливо време и со многу проблеми за организаторот.

Британецот Луис Хамилтон сепак беше најбрз на денешните квалификации и ќе ја има пол позицијата за втората трка од шампионат.

Возачот на Мерцедес беше најбрз и зад себе ги остави Макс Верстапен од Ред Бул и Карлос Саинц со болидот на Мекларен. Хамилтон имаше време од 1.19,273 минути, додека Верстапен и Саинц беа послаби за повеќе од една секунда. Дождливото време беше предизвик за пилотите, најнапред беше откажан последниот тренинг, а презакажани квалификациите.

Лоши квалификации имаа нолидите на Ферари, Себастијан Фетел ќе стартува од десеттата, а веднаш зад него ќе биде неговиот клупски колега Чарлс Леклерк.

Трката во Австрија се вози утре со почеток од 14:00 часот

Share.

Leave A Reply