Хандановиќ: Разочарани сме, но сезоната не завршува тука

0

Голманот на Интер Самир Хандановиќ го коментираше испаѓањето на тимот од Лигата на шампионите. Во шестото коло од групната фаза на турнирот, Интер не успеа да ја совлада Барселона, која играше само за престиж (1:2).

„Не успеавме да постигнеме гол во второто полувреме, иако имавме шанси. Знаевме дека Барселона е многу опасна на контранапади. Направивме се што можевме. Овој пораз, е многу болен за нас, но сезоната не завршува тука“, изјави Самир Хандановиќ за официјалниот веб-сајт на УЕФА по натпреварот со Барселона.

Екипата на Интер останува да настапува во продолжението од сезоната во Лигата на Европа.

Share.

Leave A Reply