Ракометарите на Еурофарм Работник вечерва (19.30 ч.) ги почнуваат настапите во ЕХФ купот во групната фаза со гостување кај екипата на Хановер. Бундеслигашот ќе ја има улогата на фаворит, но нашиот преставник мотивиран допатува во Германија.
Битолскиот клуб вечерва ќе има поддршка од околу 200 Македонци од овој дел на Европа и ќе се обиде да го изненади бундеслигашот. Клучот веројатно е во одбраната.
Еурофарм Работник е непоразен во текот на сезоната и вечерва има голем предизвик да ја продолжи серијата почната со доаѓањето на српскиот стручњак Чирковиќ.