Тренерот на Баерн Минхен, Ханзи Флик се надева дека дефанзивците Давид Алаба и Жером Боатенг ќе останат во тимот и по завршувањето на сезоната.
Во оваа фаза, преговорите меѓу управата и агентите на Алаба за нов договор беа неуспешни поради големите финансиски побарувања на играчот. Ветеранот Боатенг исто така е пред разделба со Баварците, бидејќи раководството нема намера да му понуди нов договор.
„Нема јасни индиции дека клубот планира да се раздели со Жером Боатенг. Тој е важен играч и неблагодарно е да кажеме дека тој заминува“, изјави Флик.
„Што се однесува до Давид Алаба, тој е голем човек и одличен фудбалер и значаен дел од тимот“, додаде Флик.