Хаотични битка за пол-позицијата во Германија

0

Себастијан Фетел со болидот на Ферари ќе започне од првата позција на утрешната трка во Формула 1 која ќе биде возена на патеката во Хокенхајм за Големата награда на Германија.

Тој успеа да извлече максимум во денешните квалификации во кои дел од возачите се судрија со неочекувани проблеми. Фетел кој настапи на домашно тло, ја доби битката со Валтери Ботас од Мерцедес додека Британецот, Луис Хамилтон, доживеа пех и утре ќе треба да започне од опашката на колоната.

Кими Раиконен и Макс Верстапен ќе стартуваат од вториот ред додека меѓу најбрзите десет влегоа и: Магнусен, Грожан, Хулкенберг, Саинц, Леклерк и Перез.

Share.

Leave A Reply