Харден одигра симултанка против Мемфис

0

Кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден, имаше нова блескава ноќ во најсилната светска лига – американската НБА.

Тој на средбата со Мемфис постигна 57 поени и беше најзаслужен за триумфот на неговиот тим со 112 спрема 94. Популарниот „брада“ со постигнатиот ефект во поглед на реализација го помина рекордот на Коби Брајан кој на 16 средби во серија забележуваше повеќе од 30 кошеви на натпревар. Харден сега има серија од седумнаесет мечеви на кои постигна повеќе од 30-ет кошеви.

Еве ги резултатите и на другите мечеви одиграни во текот на ноќта: Бруклин Нетс – Бостон Селтикс 109:102, Сан Антонио Спарс – Шарлот Хорнетс 93:108,Јута Џез – Детроит Пистонс 100:94, Сакраменто Кингс – Портланд Трејл Блејзерс 115:107 и Лос Анџелес Клиперс – Њу Орлеанс Пеликанс 117:121

Share.

Leave A Reply