Харден: статистиката не ми значи ништо

0

Новата ѕвезда на Бруклин Нетс, Џејмс Харден, имаше одлична партија со 32 поена, 12 скока и 14 асистенции со што стана првиот играч кој направил „трипл-дабл“ со најмалку 30 поени во дебитантскиот меч во нов тим. За поранешниот кошаркар на Хјустон Рокетс, сепак, победата значи многу повеќе од личната статистика.

„Чувството да се забележи победа во моето деби е одлично. Ќе мора да ги намалам грешките во нападот“ – вели Харден.

„Кога имате многу добри играчи околу вас, работите стануваат многу полесни. Статистиката не ми значи ништо, јас сум само среќен што остваривме победа. Се обидувам да го сторам тоа што е потребно на паркетот“ -изјави Харден.

 

Share.

Leave A Reply