Хари Кејн ја спаси Англија против Тунис

0

Репрезентацијата на Ангија се спаси во финишот на мечот си Тунис и успеа да победи со 2:1.

Херој на селекцијата на Англија беше Хари Кејн кој постигна два гола, но посебно значаен е вториот во 91.минута за победа на оваа средба. Кејн ја донесе Англија во водство во 11.минута , но Тунис успеа да израмни преку Саси во 35.минута од пенал.

Во вториот дел од натпреварот Англија имаше повеќе од играта, но никако не успеваше да погоди за водство. Сепак за да не се случи уште едно изненадување се погрижи Хари Кејн во првата минута од судиското надополнување и погоди за водство и победа од 2:1.

Во второто коло на СП во групата „Г“ кое е закажано на 23 и 24 јуни, Англија игра со Панама, а Тунис ќе игра против Белгија.

Share.

Leave A Reply