Хари Кејн се повреди на дербито со Манчестер Ј.

0

Напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, се повреди за време на дербито со Манчестер Јунајтед вчера. Англискиот репрезентативец го одигра целиот дуел, но во дополнителното време заработи повреда на глуждот.

„Имаше чист фаул над Кејн, но главниот судија Мајк Дин не го виде. Тој има извртување на глуждот и се надеваме дека не е нешто сериозно. Глуждот беше малку отечен, но останува да видиме“, изјавил по мечот Почетино.

Тотенхем, исто така, нема да може да смета и на Сон Хјун-Мин, кој ќе игра за својата репрезентација, Ј. Кореја на Азискиот куп.

Share.

Leave A Reply