Младиот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс, Џош Харт, изрази восхитување од вештините на неговиот соиграч, Леброн Џејмс, кој имаше блескава партија на средбата со Мајами.
Така наречениот „крал“ на натпреварот со „врелите“ имаше 51 кош, 8 скокови и 3 асистенции и беше најзаслужен за победата на неговиот тим со 113 спрема 97. Токму по мечот, 23-годишниот играч на Лејкерс кој бил импресиониран од играта на Џејмс, тоа го искоментирал со интересен пост на социјалната мрежа – „Twitter “.
„Создаден во лабораторија“, напиша Харт непосредно по деветтата победа на Лејкерси во новата сезона. 23-годишниот кошаркар кој ја реализира само втората година во НБА лигата, има просек од 11.1 поен, 3.9 скокови, 1.3 асистенции и 1.4 украдени топки. Тој досега не е пропуштил ниту еден натпревар на неговиот тим во сезоната 2018/2019.