Тимот на Хас пред почетокот на тестирањето во Барселона го покажа болидот со кој ќе влезе во новиот шампионат во Формула 1 кој ќе започне на 17 март со Гран При трката за големата награда на Австралија.
Американскиот тим сега ќе има сосема нови бои на возилото бидејќи во меѓувреме успеа да обезбеди нов спонзор во лицето на компанијата за енергетски пијалоци – „Рич Енерџи“.
На патеката „Каталуња“ беа претставени и возачите, Кевин Магнусен и Роман Грожан. Французинот денеска ќе биде активен со болидот додека Данецот, Магнусен, утре ќе ги реализира предвидените тестирања.