Хауард ќе се врати во ЛА

0

Откако кошаркарскиот состав на Лос Анџелес Лејкерс остана без услугите на малерозниот Демаркус Казинс кој потешко се повреди пред да започне сезоната и ќе мора да долга рехабилитација, „езерџиите“ експресно пронајдоа негова замена.

Тимот од ЛА кој има шампионски амбиции не чекаше многу в пресрет на наредното издание на НБА и најде атрактивен играч кој ќе биде активен на центарската позиција.

Станува збор за некогашниот член на Лејкерси, Двајт Хауард, кој се уште е под договор со тимот на Мемфис Гризлис. Прогнизите велат дека „мечките“ нема да му го откупи договорот на центарот по што тој ќе биде слободен играч.

 

Share.

Leave A Reply