Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген клоп, сака да го ангажира младиот играч на Баер Леверкузен, Кај Хаверц.
Според англиските медиуми, „црвените“ се подготвени да издвојат околу 125 милиони евра за да го ангажираат талентираниот фудбалер за кого се интересираат и Баерн Минхен, Барселона и Манчестер Јунајтед.
Тоа значи дека 19 годишниот фудбалер наскоро ќе ја промени средината и најверојатно ќе се упати кон „Енфилд Роуд“. Тој досега одигра 102 меча за германскиот состав на кои забележа 26 голови.