Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, потпиша нов долгорочен договор со клубот. Англискиот репрезентативец се обрза на верност кон „црвените” до 2023 година.
„Многу сум среќен што се обврзав за останување во клубот за долго време. Изгледа не беше толку одамна кога го потпишав првиот договор”, изјави Хендерсон, кој е на „Енфилд” веќе седум години. „За мене ова е една авантура што продолжува и во што уживам. Нема друго место во светот каде што би играл и сакам да останам што е можно подолго”, додаде тој.
Хендерсон пристигна во Ливерпул од Сандерленд во текот на летото на 2011 година и има 283 одиграни натпревари за тимот, во кои постигна 24 гола. Тој е капитен на средината на 2015 година, кога легендата Стивен Жерард замина од клубот. Џордан Хендерсон, кој наполни 28 години во јуни, е важен дел и од репрезентацијата на Англија, со која играше во полуфиналето на Светското првенство во текот на летото во Русија.