Фудбалерите, Џордан Хендерсон и Џо Гомез, ќе го пропуштат утрешниот меч со Косово во рамките на претпоследното квалификациско коло за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Играчот од средниот ред на Ливерпул, Хендерсон, кој се соочува со вирусна инфекција откако пристигна во националниот камп, мораше да го пропушти и мечот со Црна Гора кога „гордиот албион“ славеше убедлива победа со 7 спрема 0. Неговиот тимски колега, Џо Гомез, го повредил коленото на вчерашниот тренинг и нема да патува за Приштина.
Бидејќи Англија има обезбедено место на Континенталниот собир, утрешниот меч нема никакво значење за англичаните.