Претседателот на Баерн (Минхен) Ули Хенес и дава предност на Борусија (Дортмунд) во претстојното дерби помеѓу двата тима од 11-то коло на Бундеслигата.
Средбата ќе се игра во сабота на „Сигнал Идуна Парк”, а во моментот баварците заостануваат 4 поени зад „жолто-црните”, кои се лидери на табелата.
„Баерн покажа добра игра во второто полувреме на натпреварот со АЕК. Но за прв пат по долго време ние одиме во Дортмунд , не како фаворити, туку како аутсајдери”, изјави Хенес.
За прв пат по 7 години Борусија Дортмунд е пред Баерн Минхен на табелата пред првата средба меѓу двата тима во Бундеслигата.