Хенман: Имаше подобро финале од мечот Ѓоковиќ-Федерер

0

Иако Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер одиграа фантастично финале на годинашново изданите на терените на – „Вимблдон“, поранешниот британски тенисер Тим Хенман, вели дека имало подобро финале.

„За мене, сепак подобар беше мечот меѓу Надал и Федерер одигран во  2008-ма година. Тоа беше малку подобро со оглед на прикажаниот квалитет и играта од двајцата тенисери“- вели  Хенман кој беше миленик на публиката на „Вимблдон“  и своевремено прв тениски рекет на Британија.

„Искрено, мислам дека Федерер пропушти шанса да освои трофеј. Секако дека нема да игра засекогаш, но,  треба да се насладуваме на неговата игра додека е уште дел од професионалниот тенис“ – вели Хенман.

Share.

Leave A Reply