Хернандез се повреди и не го заврши мечот против Фортуна

0

Францускиот дефанзивец во редовите на Баерн (Минхен) Лука Хернандез заработи повреда на бутниот мускул, што го натера да биде заменет при победата од 5:0 над Фортуна (Дизелдорф) во натпреварот од 29-то коло.

Тој ја напушти играта кога резултатот беше 3:0 по завршувањето на првото полувреме. „Имаше проблеми и затоа не сакавме да ризикуваме“, рече тренерот на Баварците, Ханси Флик, кој ја пофали играта на неговиот тим.

„По натпреварот со Борусија Дортмунд (победа со 1:0) важно беше да се покаже дека нема да ја намалиме брзината. Ова се покажа од првата секунда. Бевме агресивни и не му дававме никаква шанса на противникот. Секој во тимот се поддржува и мотивира еден со друг. Јас имам задача да имам успешна сезона. Во Баерн, целта е секогаш титулата. Ние сме близу до постигнување на таа цел”, додаде Флик.

Share.

Leave A Reply