Херојот на Шведска може да го пропушти СП во Русија

0

Шведскиот репрезентативец Јакоб Јохансон е пред ситуација да го пропушти Мундијалот 2018. Имено, 27-годишниот фудбалер на АЕК го постигна единствениот гол на двомечот со Италија и тоа на натпреварот во Стокхолм, меч кој го доби Шведска со 1:0, а се покажа како решавачки за пласман на неговата селекција на СП во Русија.

Синоќа скандинавците одиграа 0:0 на „Сан Сиро” и се пласираа на завршницата на Светското првенство, но Јохансон може и да не игра на него. Тој заработи повреда на средината на првиот дел и беше изнесен од теренот на носилки.

Стравувањата се дека станува збор за скинати лигаменти на коленото и прашање е дали Јохансон ќе се опорави целосно за шампионатот во Русија. Точната дијагноза на шведскиот репрезентативец ќе биде позната во текот на денешниот ден. Во Шведска, Јакоб Јохансон играше само за Гетеборг, а од 2015 година е фудбалер на АЕК.

Share.

Leave A Reply