Херта го отпушти тренерот на голманите Золт Петри откако проговори за мигрантите и ЛГБТ лицата. Ова беше објавено на веб-страницата на германскиот фудбалски клуб.
54-годишниот Унгарец Петри во интервју за унгарските медиуми изјави дека не му е јасно зошто неговиот сонародник, голманот на РБ Лајпциг, Питер Гулачи, ги поддржува хомосексуалци и лица со друг сексуален идентитет. Тој додаде дека „не разбира како Европа може да падне толку морално“.
Петри исто така додаде дека не му се допаѓа миграцијата затоа што Европа е полна со криминалци, а доколку не ви се допадне тоа, тогаш тие ќе ве обвинат за расизам“. Ден по објавувањето на интервјуто, германскиот клуб го отпушти унгарскиот тренер. Петри подоцна се извини за неговите зборови.
„Сакам да истакнам дека не сум хомофобичен или ксенофобичен. Многу ми е жал за мојата изјава за имиграциската политика и сакам да им се извинам на сите луѓе кои бараат азил кај нас и кои со тоа ги навредив. Навистина уживав кога работев во Херта и ја почитувам таа одлука“, рече тренерот.