Тренерот на берлинска Херта, Јирген Клинсман, најверојатно нема да биде на клупата на тимот за мечот од 18. коло во Бундеслигата против шампионот Баерн (М). Причина е истечената тренерска лиценца на некогашниот германски ас.
Според изворот, специјалистот бил однапред информиран за истекот на лиценцата, но тој не направил ништо за да ја продолжи. Лиценцата се ажурира на секои три години. За непочитување на барањата на германскиот фудбалски сојуз, Клинсман и Херта се соочуваат со парична казна.
Сè уште не е познато дали на Клинсман ќе му биде дозволено да го предводи тимот во натпреварот против Баерн.