Химено Травер опериран, се враќа за 4 месеци

0

Шпанскиот тенисер Даниел Химено Травер успешно е опериран во петокот поради повреда на ахиловата тетива. Како што објави на социјалните мрежи самиот тенисер, неговото враќање на терените се очекува за 3 до 4 месеци.

31-годишниот Травер моментно е рангиран на 149. место на АТП листата, а својот најдобар пласман во историјата го имаше на 48. позиција во март 2013 година. Оваа година Травер последниот настап го имаше на АТП тенискиот турнир во Кито на почетокот на минатиот месец.

Share.

Leave A Reply