Хингис по трет пат се повлекува од тенисот

0

Швајцарската тенисерка Мартина Хингис најави дека по собирот во Сингапур ќе се повлече од активно играње тенис.

Таа во два наврата се определи за таков потег, но, подоцна сепак се враќаше на тениските терени.  Првиот пат тоа се случи во 2003-та а на теренот се врати во 2007-та. 12 месеци подоцна повторно си замина откако беше позитивна на тест на кокаин.

Триесет и седум годишната Хингис на ВТА турнирите дебитираше во 1994 година и освои 25 Гренд слем титули, пет во поединечна конкуренција, седум во мешани двојки и 13 во двојки.

Share.

Leave A Reply