Хиршер беше одличен на патеката во Швајцарија

0

Австриецот, Марсел Хиршер е победник на денешната велеслаломската трка од Светскиот куп во алспко скијање која беше реализирана на патеката во Аделбоден.

Тој  благодарение на одличниот настап во второто возење оствари вкупно време од 2:26.54 минути што беше доволно за највисокото место на пиедесталот. Втората позиција ја обезбеди Норвежанецот, Хенрик Кристоферсен додека Французинот, Томас Фанара имаше трето време.

Хиршер успеа да дојде до 66. победи во Светскиот куп или 20 помалку од рекордот на Швеѓанецот, Ингемар Стенмарк.

 

 

Share.

Leave A Reply