Хиршер не запира со триумфите

0

Марсел Хиршер од Австрија ја забележа четвртата последователна победа во дисциплината слалом во рамките на Светскиот шампионат во алпско скијање.

Тој на патеката во Аделбоден по двете возења имаше вкупно време од 1 минута 50 секунди и 94 стотинки со што само го потврди првото место. Неговиот сонародник Михаел Мат оствари второ време додека третото место го зазема Норвежанецот Хенрик Кристоферсен.

Хиршер е лидер во рангирањето за слалом пред Кристоферсен и Мат а исто така ја држи и првата позиција во генералниот пласман во Светскиот куп.

Share.

Leave A Reply