Хјустон со 10-та последователна попбеда, пораз на Бостон кај Чикаго

0

Хјустон ја забележа десеттата последователна победа во НБА лига и тоа со триумф над Њу Орлеанс со 130:123. Клинт Капела постигна рекордни во кариерата 28 поени, а Џејмс Харден додаде 26 за Хјустон.

Чикаго го надигра лидерот во Источната конференција Бостон со 108:85. Никола Миротиќ реализираше 24 поени, а Боби Портис додаде рекордни во кариерата 23 поени за третата последователна победа на Чикаго Булс.

Бостон игра без повредената ѕвезда Каиро Ирвинг што се покажа решавачко за тешкиот пораз во Чикаго. Голден Стејт ја постигна 22-та победа за сезоната по 111:104 над Портланд. Кевин Дурант беше над сите со 28 поени, 9 скока и 5 асистенции. Стеф Кари го пропушти третиот натпревар за Голден Стејт поради повреда. Лилард блесна во екипата на Портланд со рекордни за него сезонава 39 поени, но тоа не му помогна на неговиот тим, кој го загуби петтиот последователен натпревар.

Лос Анџелес Клиперс ја прекина победничката серија на Торонто со успехот од 96:91. Харел постигна 17 поени, а ДеАнде Џордан додаде 14 поени и 17 скока за Клиперс.

Share.

Leave A Reply