Хјустон го понуди 4. пик за Џими Батлер

0

Раководството на Хјустон Рокетс се обидува да го добие кошаркарот на Минесота Тимбервулвс, Џими Батлер. Клубот на Тексас му понуди на составот од Минеаполис размена во која за батлер, Минесота ќе го добие правото за избор на четвртиот пик во првиот круг од следниот драфт.

Засега нема информација од Минесота дали оваа понуда е прифатлива, отакако се знае дека батлер сам инсистираше да биде разменет, па еден дел од предсезоната ја помина само со индивидуални тренинзи.

Сопственикот на Минесота, Глен Тејлор изјави дека ќе продолжи да бара опции за размена на Батлер, па останува да се види неговиот одговор на оваа понуда од „ракетите“.

Share.

Leave A Reply