Германскиот клуб Хофенхајм официјално го објави името на нивниот нов тренер. Станува збор за Алфред Шредер, кој ќе го преседе тимот по крајот на оваа сезона, кога сегашниот тренер Јулиан Нагелсман ќе замине од клубот. Од новата сезона, Нагелсман ќе го води Ред Бул Лајпциг.
46-годишниот Шредер е поранешен помошник тренер во Хофенхајм. Од јануари 2018 година е асистент на холандскиот гигант Ајакс.
Алфред Шредер се договори со раководството на Хофенхајм за тригодишен договор кој истекува летото 2022 година.