Македонската хокеарска репрезентација вечерва ќе игра во финалето на „Развојниот Куп“ во Фисен, Германија. По вчерашната побед аво полуфиналето над селекцијата на Андора со 6:3, нашите хокеари успеаја да изборат историско финале на ова мини-европско првенство на репрезентации кои немаат свои затворени лизгачки арени.
Македонија досега победи на сите четири средби, па останува против најголемиот конкурент Португалија да се бориме за првиот поголем трофеј.
Финалниот дуел стартува вечерва од 19 часот.