Нашата хокеарска репрезентација денеска славеше на мечот со Португалија со 5 спрема 4 и како првопласирана влезе во завршниот дел на „Девелопмент Купот“ кој се реализира во Фусен, Германија.
Првата третина им припадна на противниците, но, до крајот на мечот нашите репрезентативци направија комплетен пресврт и се максимални три победи (Ирска, Андора и Португалија) ја продолжија битката за победничкиот пехар.
Попладне не чека полу-финалето и тоа повторно против Андора. Финалето и мечот за третото место на неофицијалното Светско првенство за држави без затворени хокеј арени се закажани за утре.