Холанѓанец е нов тренер на Ристовски во Спортинг (Л)

0

49-годишниот Холанѓанец Марсел Кајзер е назначен за нов тренер на екипата на Спортинг од Лисабон. Тој ќе биде новиот тренер на нашиот интернационалец Стефан Ристовски.

Кајзер доаѓа во Португалија од екипата на Ал-Џезира каде последен пат ја вршеше улогата на прв тренер. Претходно тој беше тренер и на екипата на Ајакс.

Договорот на холандскиот стручњак со лисабонскиот тим е практично до 30 јуни 2021 година, соопштија од клубот.

Share.

Leave A Reply