Холанѓанецот не сака да оди на „Паркот на принцовите“

0

Луи Ван Гаал нема намера да го наследи Унај Емери на тренерското столче во редовите на францускиот фудбалски состав ПСЖ доколку челниците на тимот се определат да му врачат отказа на шпанскиот тренер.

„ПСЖ е врвен состав, но, ќе треба да учам јазик. Имам проблем со францускиот иако тоа би била добра работа. Комуникацијата е секогаш најзначајна за еден тренер“ вели Холанѓанецот со напомена дека има постојано понуди за работа.

„ Досега ги водев Ајакс, Барселона, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед и селекцијата на Холандија, тоа ја прави потешка задачата да најдам соодветен ангажман“  – вели Ван Гаал.

Share.

Leave A Reply