Холанѓанецот се врати на „Чизмата“

0

Фудбалерот, Кевин Стротман, до крајот на сезоната ќе го носи дресот на италијанскиот тим Џенова за кој настапува и нашиот Горан Пандев. Некогашниот играч на Рома кој се наоѓа на платниот список на Олимпик Марсеј, се одлучи да се врати во Серија „А“ откако не добиваше минутажа на „Велодром“.

„Без размислување ја прифатив понудата од Џенова бидејќи не играв многу од стартот на сезоната. Разговарав со семејството и сите сакавме да се вратиме во Италија“ – потенцираше Стротман.

30-ет годишниот Холанѓанец со неговото богато искуство ќе треба да им помогне на џеновјани во битката за опстанок.

Share.

Leave A Reply