Холденер најдобра во алпска комбинација

0

СП во алпско скијање продолжи денес со нова дисциплина, алпска комбинација во женска конкуренција. Швајцарската скијачка Венди Холденер успеа да ја одбрани титулата во комбинација откако беше поуспешна од Петра Влхова од Словачка и заврши на првото место.

Холденер стигна до златото по една голема битка со словачката скијачка, која ја доби за 0.03 секунди. Швајцарката направи разлика во финишот и прва ја мина целта. Третото место ѝ припадна на Рагхилд Мовинкел од Норвешка, со заостанување од 0.45 секунди.

Со овој златен медал Швајцарката дојде до одлично достигнување – три златни медали на три големи натпреварувања по ред. Таа е петтата жена која успеала во тоа да освои две титули по ред во комбинација, со ова влезе во историјата на светското скијање.

Share.

Leave A Reply