Турнирот во мешани двојки, попознат како „Хопман Куп“ ќе се врати во тенискиот календар во 2021 година, објави претседателот на Меѓународната тениска федерација (ИТФ), Дејвид Хагерти.
Тој за Ројтерс изјави дека предлогот е од интерес за сите, така што спектаклот треба повторно да ги израдува тениските фанови.
„Имаме намера да го вратиме турнирот во 2021 година. Немаме никакви планови за претходно, но интересот е навистина сериозен“, изјавил Хагерти.