Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, не си прави илузии и призна дека австралискиот возач, Даниел Рикардо, ќе остане и во наредните сезони само под услов да добие конкурентен болид за да може да се бори за титулата.
За сега, Мерцедес и Ферари, се главните претенденти за победничкиот пехар додека Рикардо ќе има тешка битка да ја издржи трка за првото место. Од таа причина, 28-годишниот Рикардо ја одложува одлуката дали ќе потпише нов договор со што и понатаму ги држи шефовите во Ред Бул во неизвесност.
„Според мене, Даниел е среќен во Ред Бул. Ние сме неговото семејство години наназад пред да влезе во Формула 1. Ние го изградивме како пилот иако добро знаеме како размислува. Рикардо е многу амбициозен и еден ден ќе биде светски шампион во Формула 1“ рече Хорнер.