Првиот човек на Ред Бул во Формула 1, Кристијан Хорнер, изјави дека Себастијан Фетел и Нико Хулкенберг никогаш не биде вистински кандидати за пополнување на второто место во екипата.
По слабиот почеток на сезоната од страна на Алекс Албион, луѓето од Ред Бул најавија ангажирање на друг возач по што започнаа шпекулации со имињата на Хулкенберг и Фетел. На крајот, Ред Бул го избра Серхио Перез.
„Немаше друг. Имавме многу среќа што Серхио немаше тим. Тоа ни даде доволно време да почекаме до крајот на сезоната и потоа да одлучиме како ќе продолжиме “ – вели Хорнер.