Хорнер верува дека Хонда ќе направи одличен мотор

0

Луѓето од Ред Бул се охрабрени од напредокот на нивниот партнер за мотори – Хонда. Тимот користи сосема поинаков пристап во работата споредбено со стилот на Мекларен.

„Ние го правиме спротивното од тоа што го правеле во Мекларен”, објасни шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер за –  „Скај Спортс“.

„Побаравме од нив да го направат најдобриот мотор. Гледаме огромен напредок, кој многу не охрабрува. Месец по месец, тие дефинитивно го намалуваат растојанието со Мерцедес и Ферари. Напредокот кој го имаат не е добар само за нас туку и за Формула 1 како целина” – заврши Хорнер.

Share.

Leave A Reply