Хорват: Чест е да се игра во ракометно Скопје

0

Нашиот ракометен состав Металург успеа да ги обезбеди услугите на долгогодишниот хрватски репрезентативец, Златко Хорват, кој кариерата ја помина во татковината во екипата на Загреб. Искусното десно крило ќе биде одлично засилување за тимот од Автокоманда.

„Почувствував дека е момент за промена и мило ми е што доаѓам во Скопје во ракометна средина која е препознатлива во Европа. Доаѓам со намера заедно со моите нови соиграчи да ги оствариме зацртаните цели и да го вратиме Металург каде што му е местото“ – вели Хорват.

„Металурзите“ претходно ги ангажираа и Момир Рниќ, Бранко Канкараш и Никола Протиќ.

 

Share.

Leave A Reply