Хрустиќ се пресели во германскиот фудбал

0

Фудбалерот од Австралија, Ајдин Хрустиќ, потпиша за германскиот состав Ајнтрахт Франкфурт. 24-годишниот играч за врска кој доаѓа од Гронинген за 1 милион евра ќе биде дел од елитниот состав во наредните три години.

„Хрустиќ е разноврсен играч за врска кој ќе додаде квалитет во нашиот среден ред “ – изјави задоволно спортскиот директор на германскиот клуб, Фреди Бобиќ.

Австралиецот може да дебитира во Бундес-лигата за Ајнтрахт Франкфурт веќе на саботниот натпревар против лидерот Хофенхајм.

Share.

Leave A Reply