Хрватите го враќаат Срна во репрезентацијата?

0

Дарио Срна е пред враќање во хрватскиот национален тим, иако по ЕП минатата година најави дека се простува со настапите во репрезентацијата. Како што наведуваат хрватските медиуми, селекторот Чачиќ по бројните проблеми со повредите, повторно се обидел да разговара со Срна околу негов нов ангажман во националниот тим.

Чачиќ бил уверен дека Срна ќе ја прифати неговата покана, затоа што на Хрватска во моментов и е неопходен екс-капитенот. Хрватска следнот месец има дуели со Косово и Турција на кои нема право на грешка.

Share.

Leave A Reply