Хрватска ја совлада Англија по 120 минути и оди во финале

0

Хрватска се пласираше во финалето на СП во Русија откако ја совлада селекцијата на Англија со 2:1 по продолженија во Москва на стадионот „Лужники“.

Хрватска и Англија одиграа интересен и неизвесен натпревар во кој мораше да има и дополнителни минути за да се дојде до финалистот на ова СП во Русија. Англија поведе со 1:0 со голот на Трипие во 5.минута и долго водеше, се до 68.минута кога Перишиќ израмни на 1:1 и донесе израмнување кое можеше да биде изменето до крајот затоа што и двете репрезентации не реализираа неколку шанси.

Откако во првото продолжение од дополнителните 2х15 минути немаше погодок, на стартот на вторите 15 минути Марио Манџукиќ успеа да постигне гол за водство на Хрватска од 2:1 во 108.минута кој на крајот ја однесе Хрватска во финалето каде ќе играат против селекцијата на Франција.

Share.

Leave A Reply