Шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс и официјално го потврди трансферот на 21-годишниот централен дефанзивец Никола Катиќ, кој доаѓа во Шкотска со договор на четири сезони. Катиќ е досегашен фудбалер над Славен Белупо, а следната сезона ќе биде петто засилување во тимот на новиот менаџер Стивен Џерард.
Катиќ има и еден натпревар за сениорската репрезентација на Хрватска и е еден од талентите со светла иднина. Тој ќе стане четвртиот Хрват кој во историјата го носел дресот на Глазгов Ренџерс по Дадо Пршо, Никица Јелавиќ и Нико Кранчар.