Хуанфран ги пропушта дуелите со Арсенал

0

Дефанзивецот на Атлетико (М) Хуанфран може да ги пропушти и двата полуфинални натпревари од Лигата на Европа против Арсенал поради истегнување на лигаментите.

Десниот бек го напушти теренот во 65-та минута на мечот кој Атлетико викендов го одигра против екипата на Бетис, а денеска треба да се очекуваат резултатите од последните медицински прегледи.

„Хуанфран ги помина тестовите кои открија дека има повреда на тетивата на левата нога. Мислам дека тој има многу мали шанси да игра во првиот натпревар, но може да се врати за вториот“, изјавил тренеро та тимот, Симеоне.

Share.

Leave A Reply